Напаѓачот на ПСЖ, Килиан Мбапе, се потсети на својата прва средба со тренерот на Реал, Зинадин Зидан.

Еден од најдобрите млади играчи во светот вели дека нема никогаш да го заборави денот кога се сретнал со Зинедин Зидан.

Пред мојот 14-ти роденден ме чекаше неверојатно изненадување. Некој му се јавил на татко ми и му кажал дека за време на летниот распуст ме чекаат да тренирам во Реал. Бев шокиран и одвај го дочекав денот. Никогаш нема да го заборавам тој ден кога слетав во Мадрид, а на аеродромот ме дочека лично Зинадин Зидан, кој тогаш беше спортски директор на клубот. Дојдовме на паркингот, таму беше неговото возило, нормално одлична кола. Ме повика да седнам до него, а јас не знаев што да направам и го прашав дали треба да ги извадам чевлите. Тој слатко се насмеа и ме смири. Заедно дојдовме до тренинг-базата. Не можев да поверувам дека стојам до него. Ми се чинеше дека сум заспал во авионот и дека сето ова е само сон“, рече Мбапе за The Players’ Tribune.