Килијан Мбапе е желба на Реал Мадрид, гигантот од Шпанија има намера да лицитира за најголемата фудбалска ѕвезда на трансфер пазарот.

Сепак, репрезентативецот на Франција и член на шампионот на оваа земја, екипата на ПСЖ, има еден услов за да ја разгледа понудата, па потоа преговори.

Мбапе бара да игра на левата крилна позиција, тоа е првиот услов за да почне да ја разгледува понудата од „кралевите“.