Францускиот репрезентативец, Килијан Мбапе ги одбил преговорите за продолжување на договорот со ПСЖ. Со ова напаѓачот покажал дека има поинакви планови за во иднина, пренесуваат медиумите од Франција и Шпанија.

Мбапе во моментов има договор со ПСЖ до 2022 година но претседателот на првакот на Франција, Ал Хелаифи сака да ја осигура иднината на најперспективниот напаѓач во светот во моментов.

Сепак Мбапе според „Марка“ , најавил дека нема да потпишува нов договор што донекаде ја потврдува неговата желба за трансфер во Реал Мадрид во следното лето. Што од ова ќе се случи ќе видиме но едно е јасно, Мбапе нема да остане уште долго во ПСЖ.