Лионел Меси постигна два гола за голем пресврт и победа на ПСЖ против Лајциг со 3:2, но јунак сепак беше Килијан Мбапе.

Францускиот напаѓач го постигна првиот гол, а потоа асистираше за вториот, а избори за третиот, а потоа во последните моменти промаши пенал за 4:2.

И првиот пенал требаше да го изведе Мбапе, но му го препушти на Меси. Тоа францускиот напаѓач пред камерите по мечот.

„Тоа е нормално и работа на почит. Па тој е Лионел Меси, најдобриот фудбалер на светот, секако дека ќе му го дадам пеналот. Тоа што дојде во нашиот клуб е привилегија и тоа го кажав веќе сто пати. Ако е пенал, тогаш шутира тој и точка. Тука нема расправа.“