Новинарот на ЕСПН, Жулиен Лоренс тврди дека Килијан Мбапе нема да ја прифати понудата од Реал Мадрид за трансфер следното лето.

„Кралевите“ се подготвени да му платат на ПСЖ 400 милиони евра за да го донесат репрезентативецот на Фрацнија но очигледно 20 годишниот Мбапе има поинакви планови.

ПСЖ во моментов е во преговори со агентот на Мбапе за продолжување на соработката но се е ставено на чекање затоа што играчот сеуште нема донесено конечна одлука.