Францускиот фудбалски првак оваа сезона мора да ја освои Лигата на шампионите на УЕФА ако сака и во следната натпреварувачка година да го има во тимот Килијан Мбапе.

Ова го пренесуваат медиумите во Франција откако младиот напаѓач сака што поскоро да го подигне трофејот во елитата а ако тоа не се случи ќе бара трансфер во клуб со реални можности за остварување на неговата желба.

ПСЖ веќе неколку години не успева да го мине прагот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година а за неговите услуги минатото лето, интерес пројави Реал Мадрид.