Реал Мадрид го продаде Рафаел Варан на Манчестер Јунајтед, се ослободи од големата плата на Серхио Рамос, се поради желбата на Флорентино Перез да ја исполни својата опсесија и да го доведе Килијан Мбапе.

Очигледно, тоа нема да се реализира ова лето – вели одличниот напаѓач во разговор за клупскиот магазин Пари Сен Жермен дека неговиот сон е да ја освои Лигата на шампионите со „светците“.

„Сонувам да ја освојам Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, тоа би било фантастична работа“, рече Мбапе.

Поради овие зборови, Реал можеби ќе може да се „олади“ и да го донесе еден од најдобрите играчи во светот следното лето, кога ќе му истече договорот, доколку во меѓувреме не потпише нов, иако од Франција доаѓа вест дека тој не сака да го стори тоа.