Францускиот бисер е мата на речиси сите големо клубови, а посебно на Реал Мадрид и многумина веруваат дека токму таму ќе ја продолжи кариерата.

Сепак тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино, вели дека ќе направи се за такво нешто да не се случи.

„Мбапе во Реал. Ќе се борам со целата своја енергија да го задржам Килијан овде, во ПСЖ. Клубот прави се за Нејмар и Мбапе да останат. Јас сум еднакво оптимиста дека и Мбапе ќе остане. Двајцата се врзани за клубот“– изјави Покетино.

Шпанците еднаш останаа со празни раце кога е трансферот на Французинот во прашање и тоа кога играше во Монако, пред да дојде во ПСЖ. Зинедин Зидан прави се како ги донел во Мадрид, но е видиме што ќе се случи. Мбапе досега има 33 гола и 10 асистенции сезонава.

Надежите на навивачите на Реал неодамна ги зголеми и Лука Модриќ со изјава.

„Мбапе е голем играч, го докажа тоа и во клубот и во репрезентацијата. Големите играчи секогаш се добредојдени во Реал, но не би било во ред да зборувам за играчи на други клубови“- изјави Модриќ