Килијан Мбапе по се изгледа дека ова лето ќе го напушти тимот на ПСЖ ,а дополнителни шпекулации предизвика и приказната дека Французинот сака да си купи куќа во Мадрид.

ПСЖ веќе го загубил трпението со Мбапе, кој со месеци не прифаќа нов договор и наводно е подготвен да направи голем трансфер во Шпанија, а според проценките, Реал за неговиот потпис треба да плати од 130 до 150 милиони евра.

Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, но по последните изјави на Французинот се поизвесно е неговото заминување од Париз.

 

„Мојата иднина? Најважно е човек да се чувствува добро таму каде што е во моментот. Секако, кога ќе донесам одлука, ќе зборувам јавно за тоа. Почнаа да ме заморуваат критиките“

Францускиот репрезентативец во дресот на ПСЖ досега  има 97. настапи на кои 80.пати се запишал во листата на стрелците.