Емануел Мбела повеќе не е член на Ренова, тој се пресели на Кипар каде ќе настапува за екипата на Ермис кој е прволигаш во оваа земја.

Мбела настапуваше за Ренова минатата сезона, претходно играше за Шкупи и Силекс, има 27 години и за него ова ќе биде убава шанса за докажување на Кипар. Тој со екипата на Ермис потпишал договор на една година, со можност на прдолжување на уште една.