Еден од нашите најдобри и најискусни судии, Димитар Мечкаровски по одлука на Судискиот одбор на Црна Гора е одреден да биде главен судија на меѓународната пријателска средба меѓу Црна Гора и Унгарија.

Помошници ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија ќе биде Јован Калуѓеровиќ од Црна Гора. Мечот ќе се одигра во Подгорица на 5 септември.

Во наредните две седмици ќе има пауза во националните првенства ширум Европа поради прозорецот на УЕФА за квалификациските натпревари за ЕП 2020.