Македонскиот фудбалски прволигаш, Струга Трим Лум го потврди новото летно засилување.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Јасмин Мециновиќ одлучи да ја напушти Индонезија и да се врати во татковината.

Мециновиќ во Струга простигна како слобен играч откако му заврши соработката со Персела од Индонезија. Дефанзивецот досега во кариерата играше за 17 клубови, беше дел од АЛ Нејмех во Либан, и Малека во Малезија, Шериф, Тирасол, Сондал, Енри, Скопје, Македонија ЃП…