Раководството на германската фудбалска Федерација ќе одржи состанок на 4 декември на кој ќе биде одлучена судбината на селекторот Јоаким Лев околу која кружат бројни шпекулации по катастрофалниот пораз од Шпанија од 6-0.

Челните луѓе на Федерацијата му дадоа на Лев рок од неколку денови да подготви аргументи за негово останување на должноста, но медиумите пишуваат дека не Лев всушност му е оставен простор самиот да поднесе оставка,наместо да добие отказ.

Како можни наследници на Лев, кој ја води Германија последните 14 години, во германските медиуми кружат имињата на Клоп, Флик, Тухел и Кунц.