Откако го сруши рекордот за најскапо платен дефанзивец во историјата на фудбалот, Хари Мегваер е топ тема во островските медиуми. Во целата приказна се вклучи и неговата мајка која изјави дека е многу горда на достигнувањето на нејзиниот син.

Момчето кое било познато по големината на главата како ученик, а немало талент за атлета, напротив за личност кое сака да учи немал предиспозиции за професионален спортитист денеска стана нов стопер на Манчестер Јунајтед.

Вака го опишуваат островски колеги, инаку Мегваер денеска потпиша шестгодишен договор со најтрофејниот фудбалски колектив од Англија.

Во изјава за „Дербишајер Тајмс“ неговата учителка од основно тврди дека тој никогаш не сакал проблеми и секогаш ги следел училишните правила и норми.

Секогаш бил меѓу најдобрите во генерацијата а најмногу сакал математика и од него се очекувало да покаже аспирации за астронаут.

Неговиот поранешен наставник по физичка култура и образование Мартин Меки тврдел: „Тој еден ден можеби ќе успее како фудбалер од средниот ред. Знам дека има енергија за да ги издрибла сите.“

Мегваер е во врска со психотерепевтката Ферн Ховкинс, која од неодамна стана многу популарна на Инстраграм поради врската со репрезентативецот на Англија.