Стрелецот на едниот гол за Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, на средбата со Челзи, ја прокоментира епизодата со Миши Батшуаи.

Знам дека го допрев Батшуаи. Јас мислев дека ќе падне врз мене и ја исправив ногата за да го сопрам. Тоа беше моја природна реакција, немав никаква друга намера. Јас не сакав да му нанесам болка. Му се извинив и среќен сум што и судијата се правилно разбра“, изјави Мегваер за Sky Sports.

Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето кај Челзи, со резултат 0:2.