Рекодното засилување на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ги сподели првите впечатоци по потпишувањето на шестгодишниот договор со клубот од „Олд Трафорд“.

„Неверојатно е, во моментов сум многу горд што имам можност да му се приклучам на вака голем клуб. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона а јас ќе го дадам најдоброто од мене за овој тим.“ – изјави Мегваер.

Интересно е што Јунајтед можеше да го купи Мегваер по барањето на Дејвид Мојс во 2013 година но тогаш управата сметаше дека тој немал квалитети за да го носи дресот на „Ѓаволите“.