Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Хари Мегвајер можно е да го пропушти градското дерби против Манчестер Сити поради повреда на скочниот зглоб.

Англискиот репрезентативец го пропушти синоќешниот дуел со Дерби во ФА Купот, бидејќи се повреди на тренинг.

„Го свитка зглобот, затоа остана во својата куќа. Се надевам дека ќе биде спремен за дуелот со Сити, но не сум сигурен“-изјави Солскјер.

Јунајтед во недела ќе го дочека градскиот ривал во мечот од 29.коло од Премиер лигата. „Граѓаните“ во моментот се втори, додека „црвените ѓаволи“ се на петтата позиција на табелата.