Трансферот на хари Мегвајер во Манестер Јунајтед сеуште е далеку од реализација откако челниците на Лестер одлучиле да чекаат понуда од 95 милиони евра.

„Ѓаволите“ по онаа понуда од 60 милиони евра, испратиле втора подобрена од 82 милиони евра но и таа не била доволна за централниот бек да добие дозвола за трансфер на „Олд Трафорд“.

Поради ова репрезентативецот на Англија побарал од неговиот агент да им пренесе на сопоствениците на Лестер дека сака да го пушатат да си оди и цената која ја очекуваат за него да биде во разумни рамки.

Мегвајер веќе пропуштил две тренинг сесии со оправдување дека има стомачен вирус но медиумите од Англија тврдат дека тој започнал тивка „војна“ со цел да го изнуди неговиот трансфер во Јунајтед.