Поранешниот англиски селектор Стив Мекларен тврди дека од денешниот состав на Ливерпул само дефанзивецот Вирџил Ван Дајк би фатил место во тимот на Манчестер Јунајтед од 1999 година.

„Ако Ван Дајк би имал можност да игра со Јап Стам, доа би била идеална дефанзивна двојка, низ кој не би минал никој. Ако сме сериозни, Ван Дајк е и единствениот кој би фатил место во тој тим. Погледнете го тој Манчестер и погледнете ги лидерските квалитети на секој играч од тој тим. Ливерпул допрва го развива тоа во себе“, изјави Мекларен за Sky Sports.