Шкотскиот интернационалец Скот Мектоминеј во еден од наредните два меча се враќа во ростерот на Оле Гунар Солскјер по повредата која ја доживеа на „боксинг деј“ на 26 декември.

Мектоминеј изјави дека со нетрпение чека да се врати во тимот и да одигра во тандем во средината на теренот со зимското засилувае Бруно Фернандеш.

„Никогаш не е убаво да гледате фудбалски натпревар од дома. Ова е моја прва посериозна повреда, но со поддршка од најблиските најтешкото помина. Со нетрпение сакам да се вратам на теренот и да видам како ќе функционирам со Бруно Фернандеш кој е фантастичен фудбалер“ – изјави Мектоминеј.

Шкотскиот интернационалец од повредата до денес пропушти  11 натпревари за „црвените ѓаволи“.