Напаѓачот на Лион Мемфис Депај, смета дека неговиот тим не е без шанси да ја зачува предноста од 1-0 против Јувентус кога двата тима ќе се сретнат в петок во рамки на осминафиналето во Лигата на шампиони.

Според него, Јувентус е далеку поискусен од Лион особено кога победникот се решава во само 90 минути, но упати порака до „старата дама“.

„За разлика од Јувентус ние имаме многу млади фудбалери кои немаат искуство да се носат со притисокот од играшање финакле во Лигата на шампиони. Ќе видиме како ќе се одвиваат нештата, но она што го знам е дека ние сме жедни за успех и воопшто не се плашиме“. – вели Депај.

Холанѓанецот во интервју за официјалниот сајт на Уефа оцени дека секој клуб би можел да профитира од одлуката на УЕФА да се игра само еден натпревар во нокаут фазата.

„ Со новите правила, со кои се игра само еден натпревар, секој може да биде фаворит“, изјави Холанѓецот за официјалниот сајт на Уефа.