Владо Лемиќ , менаџер Бања Лука кој го продаде Лука Модриќ во Реал Масдрид е во Милано на преговри со Звономир Бобан кој е клучен оперативец во за трансферите на екипата од „Сан Сиро“.

Лемиќ минатата година не успеа да се договори со Интер, сега преговара со Милан јавува Скај Италија. Реал Мадрид сака да се ослободи Модриќ кој има голема плата кај „кралевите“, во следните две години треба да му исплати 12,5 милиони евра.

Милан поради проблемите со УЕФА околу финансискиот фер – плеј, склопи пакт со Европската куќа на фудбалот, нема да игра во Европа лигата и ќе мора да стави ред во финасискиот дел.

Звонимир Бобан и Паоло Малдини сега работат во клубот, целта им е да доведат плејмекер од светска класа, таков е Модриќ кој е на добар пат да заврши во Милано но не кај Интер туку во Милан.