Али Абдел Азиз, менаџерот на шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов рече кога и каде може да има реванш со Конор Мекгрегор.

„Единствена шанса каде може да се случи борбата е – на улица, ако случајно се сретнат. Конор можеби е голема ѕвезда, но тој сигурно е гилемо ѓубре. Не ни се допаѓа овој тип, никогаш и не ни се допаѓал и секој пат кога ќе се сретнеме ќе има проблеми. Тој си дозволи да ги коментира семејството, религијата и расата на Хабиб и со тоа ја помина границата. Не смеете да ја минувате границата кога се работи за Хабиб. Не е се во парите, особено за Хабиб“.

УФЦ, особено претседателот Дејна Вајт, се обидуваат да организираат реванш-меч меѓу Конор и Хабиб.