Менаџментот на Интер е на состанок, сепак не е повикан Антонио Конте кој со екипата се подготвува за настап во Европа лигата против Хетафе.

Газета Дело Спорт тврди дека Бепе Марота и Конте нема да се сретнат во „четери очи“, тренерот на Интер има задача да ја подгвотви екипата за дуелот со Хетафе.

Се погласни се најавите дека Конте е на излезна врата кај Интер, тој отворено го критикуваше раковдоството на клубот дека не му да ва голема поддршка во работата.

Во меѓувреме, Конте го објави списокот на играчи за средбата со Хетафе, натпреварот се игра во среда од 21 часот.