Ферланд Менди е четвртиот играч кој доби своја презентација во дресот на Реал Мадрид. Левиот бек доаѓа како директна конкуренција за Марсело иако сеуште се нема видено ни со Зидан ни со бразилецот.

„Не сум разговарал со Зидан. Се надевам дека тоа ќе го сторам наскоро. Ми преставува чест што ќе бидам дел од оваа соблекувална. Не сакам да ме споредуваат со Марсело. Сеуште не сме зборувале но знам дека Зидан е тој кој ќе одлучува за нашето место во тимот. Не ми е проблем да бидам и на клупата само се надевам дека ќе освојувам титули со овој клуб“ – изјави Менди.

Менди е четвртото засилување на Реал Мадрид во ова лето по Азар, Милитао и Јовиќ.