Поранешниот фудбалер на Арсенал, Пол Мерсон, го коментираше составот на Арсенал.

„Ако Артета ова лето не се засили со неколку нови фудбалери, но и ако не се откаже од неколку сегашни, тогаш Арсенал следната сезона ќе ја заврши на седмото-осмото места.Не сум изненаден од тврдењето на агентот на Озил дека овој нема да замине од Арсенал. Па каде тој на друго место ќе прима по 350000 фунти неделно. Да прима 50000 би заминал веднаш, а и би нашол некаде клуб за тие пари. Поради платата, во Арсенал сите го мразат.Артета треба да направи чистка. Треба да ги намали трошоците за плати и да се спаси од играчите кои немаат иднина во екипата. Еден од таквите е Сократис и јас го почитувам, бидејќи тој вели дека ќе си оди поради малата минутажа, а можеше да си седи и да ја прима платата.Артета треба да доведе засилувања по свој избор, тој досега ја немал таа можност“. –  тврди Мерсон.

Вчера, Арсенал го совлада Вест Хем со 1:0 а токму Озил беше асистент за победничкиот гол на Лаказет.