Дрис Мертенс најверојатно нема да го напушти Наполи, ќе го продолжи договорот со клубот од Неапол за поголема плата.
Белгиецот ќе добие 4 милиони евра плата и бонуси, со тоа ќе биде разрешена дилемата дали заминува од Наполи, нега желба е да го продолжи престојот во Неапол.
Според Медиасет Спорт, Мертенс ќе потпише нов договор на две години, покрај 4 милиони евра плата ќе има и 500.000 евра во бонуси.
Досега Мертенс заработуваше 2,5 милиони по сезона, плата ќе му биде двојно поголема, има 33 години и се чини дека ќе ја заврши кариерата во Наполи.
Интер беше еден од клубовите кои силно притискаа за потпис на Белгиецот кој веројатно останува во Наполи.
Comments are closed for this post.