Раководството на Наполи може да здивне, бидејќи напаѓачот Дрис Мертенс се согласи да го продолжи договорот со клубот.

За своето решение Мертенс го информираше претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис, а новиот договор ќе биде потпишан со рок од две години.

За Мертенс имаше интерес од многу екипи и се очекуваше дека тој сигурно ќе замине од Наполи.

Оваа сезона Мертенс настапи на 21 натпревар од Серија „А“ и има ефект од 6 гола и 5 асистенции.