Додека Роналдињо се обидува престојот во затворот во Парагвај да го разубави со играње футсал и дружење со неговите фанови меѓу затворениците, капитенот на Барселона, Лионел Меси побарал од неговите адвокати да направат се што можат за да го ослободат Бразилецот.

Според медиумите во Бразил но и во Шпанија, адвокатски тим веќе подготвува барање за ослободување од затворската казна на Роналдињо со уплата на 4 милиони евра на име на гаранција-оштета.

Роналдињо беше еден од првите ментори на Меси во сениорска конкуренција во времето кога заедно играа за Барселона.