Адвокатите на Лионел Меси следната недела ќе седнат на маса со раководството на Барселона околу опцијата за продолжување на договорот.

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу веќе се обиде да го убеди Меси да потпише нов долгогодишен договор но тоа не беше успешно.

Според последните најави на „Марка“ првата фаза од преговорите ќе започне следната недела а до крајот на јуни се очекува позитивен епилог.

Навивачите на Барселона со нетрпени очекуваат разврска околу иднината на Меси кој неодамна потајно најави дека можно е да го промени клубот до крајот на оваа година.