Пред само 10 години рекордите на легендарниот Пеле изгледаа недостижни за ниту еден фудбалер, но во секој натпревар тоа го демантира Лионел Меси, кој е на чекот да го сруши еден од најголемите рекорди во истроијата на фудбалот.

Бразилецот Пеле кариерата ја заврши 643 постигна гола за еден клуб ,а тоа е бразилски Сантос и за тоа му беа потребни 18 години. Тој рекорд досега не беше под закана. Најблиску беше Герд Милергерманскиот голгетер за 15 години поминати во Баерн постигна 565 гола.

Меси синоќа на мечот со против Севиља го постигна 604 гол во дресот на „каталонците“ и дојде на само 39 погодоци од рекордот на Пеле.

Ако земеме во предвид дека Меси десет сезони постигнува 40 или повеќе голови тогаш можеме да кажеме дека блиску сме до тоа рекордот на Пеле да падне на крајот на оваа сезона.