Капитенот на Барселона, Лионел Меси веќе разговарал со Нејмар околу можноста Бразилецот ова лето да го облече белиот кралски дрес на Реал Мадрид.

Меси го замолил Нејмар да не ја прифаќа понудата од  „Сантијаго Бербабе“ и да почека нова можност за да се врати во Барселона.

Меси и Нејмар беа неразделни во времето кога и двајцата играа на „Камп Ноу“ а според шпанските медиуми, можно е тие двајца наскоро повторно да бидат во нападот на каталонскиот гигант.

ПСЖ нема проблем со евентуалната продажба на Нејмар ова лето но има цврст став, сака кеш а не понуди со размена на играчи.

Барселона во последната понуда го вклучила и Кутињо а од Л`Екип тврдат дека и тоа не е доволно за Нејмар да се врати во Шпанија.

Реал Мадрид и Зинедин Зидан сакаат до крајот на летниот преоден рок во екипата да донесат уште една голема светска ѕвезда но прво ќе мора да се ослободат од дел под играчите кои не се веќе во прв план.