Аргентинецот, Лионел Меси се вратил во Барселона каде го очекуваа за да даде конечен одоговор околу тоа дали ќе потпише нов договор или дефинитивно ќе го промени клубот ова лето.

Меси кој во моментов е без договор, по крајот на јуни во Барселона заработуваше по 585 000 евра неделно а сега се очекува да прифати двојно помала плата за нов петгодишен договор.

Лапорта веќе најави дека посакува Меси да остане во Барселона но дека финасиската позиција на клубот не дозволува тој да добива плата како и досега.

Меси има отворена понуда од ПСЖ но и од Манчестер Сити кои се подготвени да му понудат повеќе пари од Барселона иако „Марка“ тврди дека Меси сепак ќе остане на „Камп Ноу“.