Барселона ќе го пречека Интер во среда во натрпевар од 2 коло од Лигата на шампиони на УЕФА. Ернесто Валверде за оваа пресметка ќе го има на располагање Лионел Меси.

Аргентинецот во целост се опоравил од повредата и ќе биде во комбинација за наста. Заедно со Меси два дена интензивно тренира и Осман Дембеле.

Валверде ќе треба да одлучи дали и како ќе ги користи двајцата напаѓачи за пресметката со лидерот во Серија А но извесно е дека Меси ќе биде дел од почетниот состав.

По првото коло во групата Ф, сите екипи имаа по еден бод, во оваа втора рунда покрај мечот на „Камп Ноу“, Славија Прага ќе ја пречека Борусија Дортмунд.