Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси на последните два тренинзи не се појави, а причина е повреда на квадрицепсот.

„Каталонците“ потврдија дека Аргентинецот има ситна повреда, поради која му е дозволено да одмори на последните два тренинзи како не би се влошила состојбата.

„Меси има мала повреда на квадрицепсот на десната нога. Денеска повторно имаше специфични вежби во теретаната за да се избегнат било какви ризици на осум дена пред првиот натпревар за закажаниот рестарт на Ла Лига. За очекување е во наредните неколку дена да се приклучи на групата“ – гласи во објавата на Барса.

Засега не е познато колку долго ќе отсуствуа меси од фудбалските терени, но она што е речиси сигурно тој нема да се најде во строј за првиот натпревар во Ла Лига против Мајорка.