Барселона го преживува најтешкото доба во поновата историја на фудбалскиот клуб откако претседателот Бартомеу поднесе оставка а Меси со ова ја доби битката за промени.

Најавени се нови избори во Барселона за раководство кое ќе биде по „ќејфот“ на Меси кој и покрај најавите за промена на клубот во следното лето е подготвен да потпише нов договор.

Според последните најави од Шпанија, Барселона ќе го задржи Меси, напаѓачо целиот „циркус“ околу неговото евентуално заминување го направил само за да го избрка Бартомеу од клубот.

Меси се поврзуваше со ангажман во Манчестер Сити и повторна соработка со Пеп Гвардиола кој е пред отказ од кормилото од поранешниот првак на Англија.