Аргентина одново ги разочара своите навивачи на Копа Америка, одигра нерешено 1-1 со Парагвај и си ги загрози шансите за пласман во следната фаза на првенството.

Меси ја спаси Аргентина од пораз со гол од  пенал во 57 минута. Првото полувреме мина резултатски во корист на Парагвај кој водеше по 45 минути игра со голот на Ричард Санчез. Парагвај испушти можност за победа , бидејќи не искористи пенал при резултат 1-1.

Аргентина е последната на табелата во групата со само бод, Колумбија е прва со два од два, следува Парагвај со два бода, и Катар со бод.