Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси се радува на продолжението во Ла Лига, кое треба да продолжи на 11.јуни, но пред празни трибини.

„Подобро е да гледам кон индината, отколку кон минатото. Размислувам само како ќе се вратам во својата дневна рутина на тренинзи и да играм натпреари. Може на почеток да биде малку чудно, но се радувам на фактот што конечно ќе продолжиме да играме фудбал“-изјави Аргентинецот.

Ла лига потврди дека продолжението на сезоната ќе започне со големото андалузиско дерби меѓу Севиља и Бетис кое важи за едно од најпрестижните градски дерби мечеви во Шпанија.