Маурисио Покетино реши да го замени  Лионел Меси на мечот со Лион во 76 минута, ерупција од рекации, јавноста го коментираше тој потег, сепак и покрај шпекулации, тренерот на ПСЖ бил во право, Аргентинецот има повреда.

Меси има мала повреда на левото колено, со сигурност ќе го пресконе мечот со Мец на гости во среда, а под знак на прашање е и настапот против Манестер Сити следната недела во Лигата на шампионите.

ПСЖ во вторник на 28 септември го пречекува Сити во второто коло од ЛШ, не е познато засега дали Меси ќе биде подготвен за оваа средба поради повредата, но и поради физичката неподготвеност која му создава проблеми, на потег е лекарскиот тим на „светците“.