Лионел Меси следната седмица за прв пат во кариерата ќе заигра на легендарниот „Сан Паоло“ во Неапол, каде Барселона ќе му гостува на Наполи во рамки на првиот осминафинален двомеч во Лигата на шампиони.

Аргентинецот изјави дека дека поранешната „икона“ на Наполи, Езекиел Лавеци му раскажувал на Меси за фантастичната атмосфера која навивачите ја прават на овој стадион.

„Сакав да играм на овој стадион долго време, но никогаш немав шанса.Конечно, дојде моментот и јас сум многу возбуден да видам како изгледа, да се настапува пред публиката која е една од најбучните во Европа. Ќе биде прекрасно чуство не се сомневам во тоа. Луѓето се многу страсни и тие сонуваа дека ако Марадона дојде таму, зошто не може да дојде и Меси? Имав соиграчи кои играа таму, како Лавеци, кој е беше импресиониран од овој град и навивачите“-изјави Аргентинецот.