Газета Дело Спорт пишува дека Меси е сосед на Интер, купил луксузен стан во Милано веднаш до канцелариите на клубот од „Џузепе Меаца“.

Меси е желба на Интер кој сонува за Аргентинецот, но сепак според медиумите од Италија, причината поради која ѕвездата на Барселона има стан во Милано е чисто економска.

Аргентинецот купил стан во Милано поради даночни олеснувања кои Италија ги има донесено со закон за финансиски моќните луѓе.

Договорот на Меси со Барселона истекува во јуни 2021 година, Интер чека да се случи нешто „чудно“  или чудо за да го донесе Аргентинецот во своите редови.