Јавна тајна е дека Барселона се обидува да го купи Лаутаро Мартинез. Интер досега одолева на притисокот но откупната клаузула на 22 годишниот напаѓач е 111 милиони евра, сума која може лесно да се случи Барселона да ја плати.

„Да бидам искрен, не знам дали имало некакви преговори досега. Лаутаро е импресивен напаѓач, комплетен е во повеќе сегменти, силен е, добар е во дриблање еден на еден, постигнува голови и знае да ја сочува топката. Лаутаро е спектакуларен, може да стане неверојатен играч, тој експлодираше и ни го покажува тоа. Сличен е на Луис Суарез, и двајцата имаат иста завршница.“ – вели Меси.

Капитенот на Барселона тврди дека ништо не е сигурно со трансфер пазарот и лесно може да се случи работите да се променат. Со ова Меси само го потврди интересот да игра зедно со Мартинез во Барселона.