Откако ја освои Златната Топка за 2021 година, Лионел Меси се наврати на минатата година кога оваа награда поради Ковид-19 пандемијата не беше доделена.

„Среќен сум што сум тука. Сакам да продолжам да се борам за новиот клуб. Не знам уште колку ќе играм иако се надевам тоа ќе потрае. Оваа награда има ја посветувам на моите соиграчи пред се во Аргентина, на моето семејство и на моите поранешни соиграчи во Барселона. Сите знаат и се сложуваат со мене дека Левандовски лани требаше да ја освои Златната Топка. Сите веруваме дека заслужи.“ – изјави Меси.

Меси по седми пат ја освои Златната топка, зад него е Кристијано Роналдо со пет Златни Топки.