Капитенот на Барселона Лионел Меси денеска му посака на напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо што поскоро да оздраве од коронавирусот и уште в среда да се соочат на теренот во Лигата на шампиони.

Некогаш лутите ривали во Барселона и Реал Мадрид последен пат се соочија во „Ел класико“ во 2018 година, а нивната „пресметка“ во Лигата на шампиони в среда е неизвесна, откако Ромалдо се уште е позитиувен на Ковод 19.

Пресметките со Роналдо беа и секогаш ќе бидат нешто посебни и ќе траат вечно. Мислам дека навивачите на Реал и Барса, но и оние неутралните уживаа. Тоа беше вистинско шоу и се надевам дека ќе понудиме уште такви емоции. На Кристијано му посакувам брзо опоравување и ќе ми биде мило ако е подготвен за в среда за нашиот меч (од ЛШ) во Торино“ изјави Меси.