Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси изјави дека не размислува да се пензионира по Светското првенство во Катар во 2022 година.

Сето тоа откако неговиот соиграч Нејмар изјави дека по Катар нема да игра за Бразил.

Меси се уште нема донесено одлука.

„Не. Искрено, не (размислувам за пензија). Не размислувам за тоа. Ќе се случи. што треба да се случи во тој момент“, изјави Меси во интервју за шпански Спорт.

Трансферот од Барселона во ПСЖ во текот на летото беше, како што признава, голема промена во неговиот живот, но вети дека еден ден ќе се врати да живее во каталонската престолнина.

“Ќе се вратиме да живееме во Барселона. Тоа го сака мојата сопруга и тоа е она што го сакам. Не знам дали тоа ќе биде веднаш по истекот на мојот договор со ПСЖ, но ќе се вратиме да живееме во Барселона” рече Меси