Лионел Меси би требало да потпише продолжување на договорот со Барселона, но не и да ја заврши кариерата во клубот каде пристигна како дете и досега не мрдна од таму.

Аргентинската ѕвезда е на чекор до потпишување на нов договор со клубот, тврди каталонската телевизија ТВ3, додавајќи дека неговиот татко и агент успешно ги завршил преговорите со Барселона, па договорот кој истекува во јуни ќе биде продолжен.

Аргентинецот беше незадоволен од ситуацијата во тимот во текот на сезоната и веќе наговести дека го напушти клубот. Сега се тврди дека ситуацијата се поправила. Барселона има реални шанси да ја освои титулата во Примера, што исто така ги зголеми шансите најдобриот играч да остане.

Како што наведува ТВ3, Меси е подготвен да игра за помалку пари, а за возврат очекува по завршувањето на кариерата да добие место во управата на клубот.

Каталонската телевизија исто така додава дека планот на Меси е да игра уште две години во Барселна, но не и таму да ја заврши кариерата. Целта му е да замине во МЛС, каде би ја завршил кариерата, а потоа би се вратил во врвот на управата на Барса.