Лионел Меси по рекорден шести пат добитник на „Златната топка“, пред десет години ја доби првата, сега рекордната, го надмина Кристијано Роналдо.

„Сакам да им се заблагодарам на сите новинари кои гласаа за мене, се надевам дека на сите континенти се задоволни. Благодарност до сите соиграчи од репрезентацијата и клубот. Оваа година беше грандиозна за мене, победувал или губел, пред десет години ја освоив првата моја „Златна топка“, тогаш имав 22 години, никогаш не верував дека ќе бидам овде по шести пат. Не сум размислувал за ова, јас уживам во тоа што го работам, и тоа што сум. Свесен сум дека годините  поминуваат. сакам да уживам во секој момент минат на теренот“ – изјави Меси.