Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси донираше 500.000 евра во родната Аргентина во борбата против Коронавирусот.

Аргентинеските медиуми јавија дека Меси даде пари во фондацијата „Гарахан“, а со тие средства ќе биде снабдена медицинска опрема, која ќе биде распределена во здраствените установи ширум земјата. Во оваа јужно-америчка држава до денес се забележани 6.278 позитивни случаи на КОВИД-19, од кои 314 лица починаа.

За потсетување, Лео и преостанатите фудбалери на Барселона се согласија на намалување на платите за 70% како би и помогнале на клубот полесно да ги преброди финанскисте загуби.