Барселона ја брани титулата во Ла лига оваа сезона а капитенот на овој клуб, Лионел Меси верува дека со тимски пристап оваа година може да биде одлична.

„Како што кажав и минатата година, заедно можеме да се бориме за сите трофеи. Мора да ја цениме лигата, осум титули во последните 11 години е одлично за секој клуб но ќе видиме како ќе биде во оваа сезона. Постојат нови идеи и нов ентузијазам.“ – вели Меси.

До крајот на летниот преоден рок може да се случат нови промени во ростерот на Валверде, се очекува заминување на Кутињо и евентуално враќање на Нејмар на „Камп Ноу“.