Лионел Меси повеќе не е фудбалер со најголема плата. На врвот на таа листа сега се наоѓа повратникот во Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој го симна Аргентинецот, кој неодамна ја напушти Барселона и се приклучи на ПСЖ.

Роналдо во сезоната 2021/2022, според Форбс тој ќе заработи 107 милиони евра пред оданочувањето, од што 60 милиони евра ќе се однесуваат на плата и бонуси кои ќе ги добие за враќањето на Олд Трафорд. Остатокот на сметката ќе му стигне од други работи и рекламирања на најголемите светски брендови.

Само тројца спортисти ќе заработат повеќе од Роналдо од реклами, тоа се Роџер Федерер со 77 милиони евра, Леброн Џејмс со 55 и Тајгер Вудс со 51.

Меси пак сега е на второто место според парите кои треба да ги добие. Тој ќе заработи 64 милиони евра од ПСЖ, а вкупно ќе инкасира 94 милиони.

ПСЖ во своите редови има тројца од петте најплатени фудбалери. Веднаш зад Меси е Нејмар со 81 милиони евра, па Килијан Мбапе со 37 милиони, а топ 5 листата ја затвора Мохамед Салах со 35 милиони евра.

На високот седмо место се наоѓа еден фудбалер кој игра надвор од Европа, Андрес Иниеста, ќе заработи 30 милиони евра.